Нема повеќе “лудување” по автопатишта?

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе подолго во германската јавност се дискутира околу статусот на автопатските делници каде нема огрничување на брзината.

Овие делници се доста популарно како кај Германците така и кај сите странци кои сакаат да уживаат во перформансите на своите возила. Сепак овие адреналински уживања наскоро може да бидат забранети, пренесуваат германските медиуми.

Како што наведуваат тие, во германскиот парламент се води дискусија околу можното ограничување на брзината на максимални 130 км/ч. Засега дискусијата е во рана фаза, а кај владеачката коалиција постојат поделени мислења околу оваа тема.

Протагонисти на оваа идеја е партијата на Зелените, а полицискиот синдикат смета дека ограничувањето на брзината ќе ја зголеми сообраќајната безбедност. Каква одлука ќе се донесе ќе биде познато во првиот квартал следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK