Нема место за Европејците – познати полуфиналистите за наградата “Автомобил на годината на Северна Америка” за 2021 година

ОБЈАВЕНО НА:

Стручното жири составено од 50 членови ги објави полуфиналистите за изборот на Северноамерикански автомобил на годината за 2021 година.

Од вкупно 27 возила кои се распоредени во три категории, само три модели се од Европа и тоа: Mercedes-Benz E-Class, Polestar 2 и Volvo XC40 P8 Recharge.

Во категоријата автомобил на годината полуфиналисти се: Acura TLX, Cadillac CT4/CT4-V, Genesis G80, Hyundai Elantra, Kia K5, Mercedes-Benz E-Class, Nissan Sentra и Polestar 2.

Во категоријата на теренец на годината во полуфиналето се најдоа: Cadillac Escalade, Chevrolet Tahoe/Suburban, Chevrolet Trailblazer, Ford Bronco Sport, Ford Mustang Mach- E, Genesis GV80, Hyundai Santa Fe, Kia Seltos, Kia Sorento, Land Rover Defender, Mazda CX-30, Nissan Rogue, Toyota RAV4 Prime, Toyota Venza и Volvo XC40 P8 Recharge.

Во третата, последна категорија која ја опфаќа конкуренцијата на камионети, полуфиналисти се: Ford Super Duty, Ford F-150, Ram 1500 TRX и Jeep Gladiator Mojave.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK