Нема чипови: Во Peugeot 308 се враќаат аналогните брзинометри

ОБЈАВЕНО НА:

ќе ги зачува чиповите за дигитални контролни панели од најпопуларните модели, како што е Peugeot 3008.

Производителот на автомобили Stellantis објави дека ќе ги замени дигиталните брзинометри со аналогни на еден модел на Peugeot поради глобалниот недостиг на чипови што силно ја погоди автомобилската индустрија.

Пандемијата со Ковид 19 предизвика голема побарувачка за чипови што добавувачите не успеваат да ги испорачуваат. Недостатокот на чипови веќе го наруши производството на Peugeot 308 во Сошо, Франција, а последните месеци принуди многу други компании, вклучувајќи ги Ford и Volkswagen, привремено да го прекинат или намалат производството во погоните ширум светот.

Stellantis најави враќање на аналогните брзинометри само кај моделите на Peugeot 308, меѓу брендовите на групацијата кои ги вклучуваат Chrysler, Citroen, Jeep по спојувањето на француската групација PSA со италијанско-американскиот Fiat-Chrysler.

Традиционалните брзиномери треба да започнат да се инсталираат во автомобилите на Peugeot 308 најдоцна до крајот на мај, објави компанијата, додавајќи дека ќе ги зачува чиповите за дигитални контролни панели од најпопуларните модели, како што е Peugeot 3008.

Производството на сегашниот модел на Peugeot 308 треба да се укине од есен, а новата генерација на возила ќе се произведува со дигитални брзинометри во фабриката во Мулхаус.

Peugeot минатата година продаде околу 98.000 модели од 308, а француската станица LCI објави дека компанијата размислува за попуст од 400 евра за автомобили со аналогни брзинометри. Од Stellantis одбиле да ги коментира информациите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK