Нема чипови, нема производство – Ford привремено затвора фабрика

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител Ford се наоѓа на маки – поради недостаток на чипови кои се неопходни за производството на автомбили, овој производител привремено затвора фабрика.

Станува збор за фабриката лоцирана во близина на германскиот град Сарлуис која ќе биде затворена до 19 февруари.

Тоа значи дека 5.000 работници, колку што работат во оваа фабрика ќе бидат на принуден одмор, а во целост ќе биде прекинато производството на моделот Focus.

Портпаролот на Ford за CNN изјави дека внимателно ги следат сите случувања и активно се во комуникација со своите вработени и добавувачи. При тоа не се планира дополнително затворање на фабрики во Европа поради недостаток на делови.

За потсетување, минатата недела Ford ја затвор фабрика во САД, исто така поради недостаток на чипови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK