Нема чипови – BMW произведува возила без тачскирн екран

ОБЈАВЕНО НА:

Проблемите со чипови веќе долго време ја погодуваат автомобилската индустрија, и компаниите имаат големи залихи на возила кои не се довршени. За да с енамалат таквите залихи, некои брендови решаваат да го изостават користењето на чипови во системи за кои сметаат дека не се многу важи. Секако тоа повлекува и пониска цена на автомобилот.

Но, сега ќе мора да се помирите со фактот дека возилото што го сакате можеби нема да ги има сите „гаџети“, а сепак ќе биде истото, со истите возачки перформанси.
BMW веќе вклучи понуда на подели во кои нема да има head-up дисплеј, со што и цената на тие автомобили се намали, но не драстично.

Сега од компанијата најавуваат откажување на уште една опција во внатрешноста на возилото. Во изјава за порталот Едмундс, од BMW потврдиле дека поради недостаток на чипови ги менуваaт своите планови:

„Оваа мерка е резултат на проблеми во синџирот на снабдување на целата индустрија кои влијаат на производството на автомобили ширум светот и предизвикуваат ограничувања на достапноста на некои функции или опции, се вели во изјавата на компанија.

Засегнатите клиенти ќе мора да потпишат формулар со кој се потврдува промената во спецификациите кај локалниот дилер на BMW. Возилата без екран на допир исто така ќе треба да го ажурираат софтверот пред да бидат предадени на клиентите.

Поради сето ова, инфозабавата ќе може да се управува преку контролорот iDrive. Од карактеристиките нема да биде достапна само напредната опција за паркирање.

Моделите кои ќе одат без опцијата за екран на допир се Серија 3, Серија 4, Серија 4 Gran Coupe и X5, X6 и X7.

 

BMW исфрла head-up дисплеј во некои модели поради немање чипови

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK