Некои AMG модели се бришат од понудата на Mеrсеdеs

ОБЈАВЕНО НА:

Пред околу 20 години АMG за Mеrсеdеs се базираше единствено на најмоќните модели од понудата на германскиот бренд, а во последно време сè повеќе примероци ги добиваат трите букви на задната хауба уште во фабриката. Поради оваа причина од Mеrсеdеs објавија дека понудата на спортскиот бренд ќе претрпи промени кон намалување на понудените модели.

Тоа го најави и новиот шеф на компанијата за Аutосаr, откако предложи дека овој чекор има врска со електрифицирањето на брендот, кое веќе почна.

Покрај тоа, раководителот на Mercedes, изјави дека AMG верзиите ќе бидат поразлични од стандардните модели, што може да има врска со нова платформа на електромобили, која во моментов се развива.

Првите електрични АMG ќе бидат потешки од идентичните верзии со бензинот мотор, но софтверот кај суспензијата ќе се погрижи тоа да не се забележува.

Тој додава дека со равојот на инфраструктурата и намалувањето на времето за полнење, автомобилите ќе се здобијат со помали и полесни батерии.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK