Недостаток на работници – административци произведуваат Honda автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Интересна и несекојдневна вест доаѓа од САД. Во фабриката на Honda во Охајо на производствените ленти работат административни работници од повеќе сектори.

Ова следи откако фабриката се соочува со проблеми од недостаток на работници поради пандемијата па така сега во производство работат вработени кои редовно работат во сметководство и финансии, маркетинг, комерција и други сектори.

“Поради зголемената побарувачка на купувачите за нашите производи и потребата внимателно да управуваме со производството во текот на пандемијата на Ковид-19, соочени сме со привремен проблем од недостаток на работници во фабричките хали. Поради тоа побаравме поддршка од административните лица кои инаку не работат во производство. Овие привремени мерки сме ги спроведувале и во минатото, а во моментов работиме на тоа да вработиме работници кои ќе ги задоволат нашите потреби за производство на возила” велат од американската дивизија на Honda.

Локалните медиуми пренесуваат дека фабриката на доброволна база овозможила да се вработуваат работници за производство, а потоа доставувала и задолжителни решенија за прекомандување.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK