Сите возачи на моторни превозни средства добро знаат дека во поголемиот дел од автомобилите има специјални закачалки за облека. Најчесто тие се интегрирни над задните прозорци. Меѓутоа има една работа која веројатно ја знаат малкумина, а таа е дека закачувањето на облека на тие места може да биде многу опасно.
Помала опасност се крие во полошата видливост за возачот особено ако јакната е зачачена не зад возачот туку зад патникот. Сепак, тоа не е главниот проблем. Главната опасност доаѓа при евентуално посериозна несреќа.
Тогаш страничното воздушно перниче од тип на завеса, може да не работи правилно и ако одзади има патник, тој може да заработи посериозни повреди. Направени се редица на проучувања во оваа област и сите тие докажуваат дека поставувањето на облека на определените места од производителите е многу опасно.
Сепак, тоа не спречува да ги отстранат проблематичните закачалки. Советот е, ако ви треба слична закачалка тогаш можете да ја побарате кај додатоците кои се монтират на потпирачот за глава на предните седишта. Тие според експертите се многу побезопасни.