Во Нови Сад ќе биде отворен првиот музеј во Србија во целост посветен на компјутерите. Музејот ќе биде лоциран во StartIT центарот во Нови Сад, а исто така е отворен и за дополнителни донации. Со оглед на тоа дека станува збор најверојатно за најважната алатка на овој век, желбата за создавање на музеј кој ќе ја илустрира еволуцијата на компјутерите не е никакво изненадување.
Првиот и по сѐ изгледа главниот донатор во музејот е основачот на News.net и и директорот и ко-основач на Content Insights EAD, Дејан Николиќ. Г. Николиќ ќе ја донира својата приватна колекција, јави Startit.rs. Дел од неговата колекција се Galaksija, Commodore 64, ZX81 и Apple II.
Првaтa збирка компјутери во Србија е во Музејот на наука и техника во Белград. Компјутерите првпат се изложени од 2006, а тие се дел од постојана постановка во музејот од март 2007.
Ова се чини е одлична идеја да потсетиме дека Македонија нема музеј на техника и технологија. Факултетот за електротехника и информациски технологии, пред неколку години ги презентираше постарите уреди кои ги имаат на располагање, но засега без постојана постановка.
извор: It.mk