Секој понеделник Регулаторната комисија за енергетика ги определува максималните цени по кои може да се продаваат горивата. Цената постојано оди „горе – доле“ иако во последно време тренодот е повеќе со нагорна линија. И возачите негодуваат на зголемувањето. Но, не е скапо само горивото кај нас. Во сите земји тој тренд на зголемување е присутен. Разликата е што кај нас се определуваат највисоките цени, и над тие продавачите не можат да наплатат повеќе, а ретко кој, односно речиси никој не продава под таа цена.
Во текот на ова лето, возачите ќе треба да потрошат значително повеќе пари за гориво за време на одморите. Според анализата на пазарот направена од порталот Mehr-Tanken цената за супер горивото (E5) во јуни била 23% повисока од претходната година во Германија. Во рамки на една година цената за литар за Супер се зголемила за 29 центи, односно од 1,27 на 1,56 евра.
Ова значи дека оној што вози автомобил од Хамбург до Боденското езеро за летување (820 километри, девет литри на 100 километри), сега плаќа 230 евро само за гориво при двонасочен превоз. Во јуни 2020 година сумата била 188 евра, што прави разлика од 42 евра.
Оние, кои полнат гориво по автопатите, треба длабокот да „копаат“ по џебовите за да заштедат време. На 350 бензински станиции, чии цени се повисоки, центата за Е5 во јуни беше 1,69 евра, а патувањето за празниците чинело 249 евра. Големиот пораст на цените за Е10 и дизел се должи главно на новиот данок на СО2 и зголемените цени на пазарите на суровата нафта.
Експертите очекуваат цените одново да се зголемат и тоа значително до крајот на овој месец. Регионалните разлики се огромни, особено на бензинските станици – оние на автопатот кон Хамбург наплаќаат во просек 1,82 евра за литар Супер Е5, а следат транзитните земји во Германија – NRW (1,78 евра), Рајнланд-Фалц (1,77 евра) и Баден-Вуртемберг (1,75 евра). Во Саксонија, бензинските станицви на автопатите наплаќаат 1,73 евра, а во Баварија 1,71 евро.
Најевтиниот начин за полнење беше во јуни по автопатите во Берлин и Сар (1,60 евра) и во Мекленбург-Западна Померанија и Бранденбург (1,63 евра). Разликата меѓу најскапата федерална провинција Хамбург и поевтините провнции Берлин и Сар и изнесува 22 центи.
Доколку не сакате да бидете разочарани особено во Северна Рајна Вестфалија, Рајнланд Фалц и Баден Вуртемберг, кои се со голем туристички сообраќај поради патот кон Швајцарија, Франција и Италија, па добро е да се напушти автопатот за полнење гориво.