Наскоро: Патарини ќе се плаќаат и во градовите?

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот во Минхен кој завршува денеска имаше панел-дискусија на која се дискутираше околу можноста за поставување на патарини во градските средини.

За време на истата дискусија беше претставена студија изработена од Институтот ИФО, Техничкиот Универзитет во Минхен како и BMW, а која ги покажува ефектите од евентуално поставување наплатни рампи-патарини во градските средини.

Прогнозите се дека со воведување на патарини во центарот на Минхен сообраќајот ќе се намали за 23% што ќе придонесе за редуцирање на гужвите, но и намалување на штетните гасови и звуци. Исто така се потенцираше и финансискиот бенефит од околу 600 милиони евра што би се искористиле за локален развој.

Дали ова ќе остане само како студија или ќе се воведе и во пракса останува да видиме во наредните неколку години.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK