Наскоро: На јадење во Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Илон Маск повеќе пати говори за диверзификација на бизнис портфолиото на Tesla, а досега американскиот производител инвестираше во повеќе различни дејности. Сепак последната изјава на американскиот претприемач е повеќе од изненадувачка.

Како што пренесуваат американските медиуми, Tesla наскоро ќе може да започне со отпочнување на своето присуство во угостителскиот сектор преку отворање на ланци на ресторани.

Замислено е рестораните да се наоѓаат надвор од грдските средини, да имаат голем паркинг простор, но и станици за полнење. Tesla веќе започна со тестирање на овој концепт.

На т.н. California Supercharger station станица во Кетлмен Сити, Калифорнија, поставен е мал киоск каде се нудат неколку различни јадења и пијалоци, но идејата сега е тоа да се тестира на поголеми објекти, налик на рестораните кои се наоѓаат во рамките на станиците за точење на гориво.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK