Во Дубаи направија нов теренец, кој во споредба со G-Klasse со шест тркала делува како „дете пред својата мајка“. Огромниот Dhabiyan е со размери на автобус и располага со десет тркала.
Автомобилот со пет оски е долг 10,8 метри, широк е 2,5 метри и висок 3,2 метри. Тежината му е неверојатни 24 тони. Огромниот теренец е изграден на база на американскиот армиски влекач Oshkosh M1075.
Предниот дел му е позајмен од камион од 40-тите години на минатиот век, а задниот од Јeep Wrangler. Целосно дизајнот на Dhabiyan потсетува на стара локомотива. Како резерва има дури четири тркала кои исто така се гледаат.
За да може многутонската тежина да се движи прилично добро се користи 15,2 литарски мотор Caterpillar, со моќност од 600 коњски сили. Сепак, засега многу од критиките одат за маневрирањето со ова возило.