Направете си самите: Препарат за чистење на стакла од инсекти

ОБЈАВЕНО НА:

Пролетта е веќе присутна и освен топлина со себе нoси и изобилство од инсекти – комарци, муви, бумбари… се разбудија напаѓајќи ги автомобилите кои се движат и тоа со цели роеви. Неколку километри со поголемата брзина на автопатот и шофершајбната веќе е валкана. Затоа е добро да се знае еден метод со импровизирани средства, со кои треба да се реши ова прашање.

Доколку се соберат мртви инсекти на предната шофершајбна не е доволно само да ја измиете само со вода. Во повеќето случаи и течноста за бришачи не помага. По бензинските станици се продаваат специјални препарати за таа цел, но доколку сакате да измешате сличен коктел дома со слични материјали, тогаш треба да знаете дека таков начин постои.

Откако беа тестирани неколку варијации на одговарачки смеси, одбрана е најагресивната варијанта, која од друга страна може да биде приготвена. „Коктелот“, кој ви се предлага, вклучува литар превриена вода, која е сè уште топла, 100 милилитри од секој препарат за садови, истото количество на омекнувач, како и шишенце раствор од амонијак или амонијак. Тоа може да го купите во било која аптека, а пожелно е да го имате и дома бидејќи се користи и за многу други работи.

Исто така, после мешањето на горенаведените течности, треба добро да се протресе добиениот раствор и да се пристапи кон тестирање. Мувите, добро намачкани на предната шофершајбна, вчерашниот прав и трагите од утрешниот дожд брзо ќе останат во историјата. Во исто време по многу ниска цена.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK