Наместо стумулации за еколошки возила: Нова такса – од 1 јули плус 3,5 денари за литар дизел

ОБЈАВЕНО НА:

Ако мислевме дека возиме најевтин дизел во регионот, од 1 јули тоа секако ќе се смени. Во изјава за медиумите, премиерот Зоран Заев, најави дека ќе се воведе нова еколошка такса која ќе ги зголеми цените за литар на дизел.

Така од 1 јули годинава трајно ќе се зголемат цените на горивата, односно дизелот за по 3,5 денари по литар. Целта на оваа одлука е да се стимулираат граѓаните да користат алтернативни начини за превоз како велосипеди и електрични тротинети, но и да се стимулира купувањето на електрични возила.

„Веќе отворивме еколошки фонд со којшто треба да го поддржиме инвестирањето во обновливите извори на енергија. Влезени сме во сериозен процес на промена на јагленовите термоелектрани во фотонапонски, ветерници и гасни“, вели Заев, кој потенцираше дека средствата ќе бидат насочени кон нови еколошки инвестиции.

Дополнително, од оваа еколошка такса, годишно во централниот буџет ќе се оствари дополнителен приход од 54 милиони евра.

Покрај субвенциите за вградување плин или метан на возилата произведени во 2005 и понови, засега нема никакви најави за стумулација на купување на електрични или хибридни возила кои секако се поеколошки од сегашниот крш што го возиме. Но, популистичките мерки продолжуваат.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK