Најскапата Lada е…

ОБЈАВЕНО НА:

Откако беше пуштен во продажба спортскиот седан за над 1 милиони рубљи (13.332 евра) АвтоВАЗ подготви уште поскап автомобил. Сајтот rg.ru објави фотографија на тест маска на изострено комби на база на Vesta Sport.

Прототипот има два ауспуха, различни браници, проширени браници, 17-инчни бандажи, спуштена суспензија и црни странични стакла. Во техникиот план комбито нема да се разликува од седанот и ќе биде опремено со истиот 1,8-литарски мотор со моќност од 150 коњски сили.

Според Јан Птачек, потпретседателот на АвтоВАЗ за продажба и маркетинг, иднината на Vesta SW Sport зависи од успехот верзијата која стана првата Lada со цена над психолошката граница од 1 милион рубљи. Според менаџерот штом основната цена на седанот е 1.009.900 рубљи (13.464 евра), комбито треба да чини најмалку 100.000 рубљи (1.333 евра) повеќе.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK