Најпродаван електричен автомобил во Европа во 2019 година е моделот Tesla 3. Од него се регистрирани 94.495 нови автомобили, според податоците на британски ЈАТО Dynamics. Потоа најбарани се електричните модели на Renault ZOE (45.682 продадени возила) и BMW i3 (со 32.451 нови регистрации).
Меѓу минатогодишните најпродавани автомобили со еколошки мотор се и три модели на Toyota – Auris (124.453), C-HR (108.659) и Yaris (104.607) – сите три опремени со хибриден погон.
Севкупно, електричните и хибридни автомобили учествуваа со 8,1% од сите нови регистрации во Европа минатата година.
Популарноста на електричните автомобили во Европа стабилно расте, при што продажбата порасна за 35% во однос на 2018 година. Логично, продажбата на дизел во Европа е намалена за 12% во однос на 2018 година, со мало зголемување од 5% на побарувачката за нови бензински автомобили.
Вкупно 356.300 (28%) од новите еко-автомобили продадени во 2019 година биле чисто електрични, а останатите 72% се хибридни модели.