Најпродаваните 5 автомобили во САД за 2018 година

ОБЈАВЕНО НА:

Изминатата календарска година се продадени 17.240.210 нови автомобили. Тоа претставува благ пораст во споредба со 2017 година, но и надеж за позначително зголемува за оваа 2019 година.

Најпродавани брендови и официјално се Ford, Toyota, Chevrolet, Nissan и Honda, додека пак најголемо пазарно учество има General Motors, Toyota, Ford Motors и FCA.

Но кои автомобили се најпродавани минатата 2018 година во САД? Дефинитивно лидерската позиција припаѓа на SUV возилата, а најпродаваните пет автомобили ви ги прикажуваме во продолжение.

Jeep Compass

Еден од најпродаван автомобил за изминатата година е Jeep Compass. Со продадени 171.167 автомобили што претставува пораст од 106% во споредба со 2017 година, овој модел има најголем удел во годишната продажба на FCA.

Со новата генерација на овој модел FCA едноставно поентираше на американскиот пазар.

Tesla Model 3

Можеби не на првата позиција, но дефинитивно на врвот, со продадени 145.846 автомобили се најде моделот 3 на Tesla. Очекувањата на Маск се дека во 2019 година овој модел ќе стане најпродаван автомобил во САД, а големиот обем на продажба очекува да донесе значителен пораст на профитот.

Моделот 3 со ова се здоби со титулата најпродаван електричен автомобил во САД за изминатата 2018 година.

Subaru Crosstrek

Subaru Crosstrek е еден од најпопуларните јапонски автомобил во САД минатата година. Јапонскиот производител Subaru овој автомобил го продаде во 144.384 примероци, а продажбата бележеше раст и покрај повлекувањето на стотици возила поради производствени грешки минатото лето.

The 2018 Subaru Crosstrek

Honda Pilot

Значителна продажба оствари и Honda Pilot. Овој најпродаван автомобил на Honda во САД беше продаден во 159.615 примероци што претставува процентуален пораст на продажбата од 25.4% во споредба со истиот период 2017 година.

The 2019 Honda Pilot.

Toyota Tacoma

Дефинитивно најпродаваниот автомобил е Toyota Tacoma. Станува збор за најголемиот SUV на јапонскиот производител во САД со кој Toyota успеа да го одземе приматот на Ford Ranger и Jeep Gladiator во соодветната класа.

Tacoma изминатата година беше продаден во 245.659 примероци е најпродаваниот автомобил на Toyota во САД, а генерално и најпродаван модел.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK