Mercedes-Benz е најпребаруваниот автомобилски бренд на Google, покажува едно истражување. Овој германски бренд е убедливо на врвот по пребарување од страна на интернет корисниците во Португалија, Кипар, Грција, Швајцарија, Австрија, Луксембург, Белгија, Германија, Шкотска, Велс, Англија и Северна Ирска, а во Бугарија ја дели лидерската позиција со BMW.
На Балканскиот Полуостров најпребаруван бренд е дефинитивно BMW. Овој бренд е најпребаруван во Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, а во Бугарија првата позиција ја дели со Mercedes-Benz. Renault е најпребаруван во Словенија, Хрватска и Турција, додека во Романија и Грција се Volkswagen и Mercedes-Benz.
Токму BMW се наоѓа на вторатап позиција која ја доби благодарение на популарноста во Латвија, Литванија, Молдавија, Грузија, Ерменија, Израел како и наведените балкански земји.
Некогаш најпребаруваниот Volkswagen сега е на првата позиција само во Белорусија, Романија, Италија и Шпанија, а изненадување е тоа што во Чешка наместо домашната Skoda, најпребаруван е Hyundai. Овој бренд е на првата позиција и во Словачка, Република Ирска, Украина и Русија.
Очекувано Volvo и натаму доминира во Шведска, а најдобро рангиран јапонски бренд е Toyota кој е најпребаруван во Исланд, Финска и Полска. Најдобро рангиран американски бренд е Tesla чија популарност е далеку пред останатите во Норвешка и Холандија.