Производителите на автомобили знаат да грешат и тоа многу. Тоа го гледаме секојдневно кога поради нивна грешка или пак грешна на некој нивни добавувач, тие се приморани да издадат налог за повлекување на автомобилите со цел отстранување на грешката или проблемот.
Популарниот британски магазин CarWow објави неколкуминутно видео на кое се прикажани најголемите повлекувања на автомобили за поголемите автомобилски производители. Сега е многу почеста појавата на објави дека во одредена серија се пронајдени одредени проблеми и сопствениците веднаш се известуваат за да заминат на овластен сервис и да се среди проблемот.
Видеото започнува со Jaguar и најпроблематичниот модел со 30.000 повлечени автомобили. Следи Suzuki Swift со за илјада повеќе повлечени примероци односно 31 илјада. Тие се на самото дно и имаат најмалку повлечени возила.
Некаде во средината е Mercedes со 84.000 возила, потоа Renault – 105.000 и Hyundai со 117.000. Во Топ-3 се BMW, Тoyota- Lexus и Vauxhall кој е на врвот со 636.00 повлечени возила.