На 30 септември во сервисно-продажниот центар на Порше Македонија се одржа досега најголемото тест возење на електрични возила во државата. Посетителите и вљубениците во автомобилизмот имаа можност да поминат неколкучасовно дружење, во кои беа вклучени презентации и тест возења, а воедно и да дознаат како е возможно да поминат 400 км за 300 ден.
Настанот помина во одлична атмосфера, со голема посетеност и повеќе од 100 тест возења на вкупно 7 возила од електричните модели на Volkswagen ID.3, ID.4 и ID.4 GTX.
Настанот е дел од кампањата на Volkswagen – “Сакате да поминете 400км за 300ден?” со цел потрошувачите подобро да се запознаат и да поминат повеќе време во друштво на Volkswagen ID. електричните автомобили.
Во рамките на настанот се одржаа презентација за најзначајните особини на електричните возила, како и преглед на трошоци за возење на струја наспроти возење на традиционални горива:
Погон | Потрошувачка во град, просек во пракса |
Бензин | 9 l/100 Km |
Дизел | 7 l/100 Km |
Електричен | 16 KWh/100 Km |
Извор на енергија | Актуелна цена со ДДВ |
Безоловен бензин 95 | 87,0 ден./l |
Еуродизел | 85,5 ден./l |
Електрична енергија, јавни полначи на ЕВН, тарифа со склучен договор | 25 ден./KWh |
Електрична енергија, домашна ниска тарифа | 4,75 ден./KWh |
Воедно, на настанот се презентираше и новиот ID.7 кој започнува со пред-продажба. Oд денес, клиентите ќе можат да го нарачаат моделот во пакетот спецификации Pro со автономија до 621 километар (WLTP).
За лансирање на пазарот, Volkswagen го опреми ID.7 со особено удобни и висококвалитетни технологии. Стандардно се вклучени акцентите како што се head-up дисплејот со изменета реалност и системот за навигација „Discover Pro Max“.
Повеќе за овој модел може да дознаете на https://www.volkswagen.com.mk/id7
Соопштение на Порше Македонија