Најдобрите автомобили за 2021

ОБЈАВЕНО НА:

Традиционално, популарниот сајт за автомобилизам Motor1, секоја година создава листа на најдобрите автомобили кои се избираат врз основа на повеќе параметри и тоа од оние автомобили кои во последната година се нашле на тест на овој магазин.

Сите рангирани автомобили поминаа одредени тестирања и испитувања, а максималната оценка која може да ја добијат изнесува 10. Така најдобро рангиран е Nissan Rogue со оценка од 9,7, а зад него следи Audi RS6 Avant со оценка од 9,6. Во најдобрата тројка се наоѓа уште Porsche 911 Turbo со иста оценка како и Audi RS6 Avant.

Mercedes е единствениот бренд со два претставника на оваа листа. Со оценка од 9,5 на четвртата позиција се наоѓа Mercedes-Maybach GLS 600 додека Mercedes-AMG E63S Wagon со оценка 9,3 се наоѓа една позиција подоле.

Во продолжение следи целосната листа.

10. Volkswagen ID.4: 9.0/10
9. Toyota RAV4 Prime: 9.0/10
8. Acura MDX: 9.1/10
7. Land Rover Defender: 9.2/10
6. Chrysler Pacifica Hybrid: 9.2/10
5. Mercedes-AMG E63S Wagon: 9.3/10
4. Mercedes-Maybach GLS 600: 9.5/10
3. Porsche 911 Turbo: 9.6/10
2. Audi RS6 Avant: 9.6/10
1. Nissan Rogue: 9.7/10

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK