Најчестите грешки кои ги правиме со автомобилот во зима

ОБЈАВЕНО НА:

Управувањето на автомобилот во зимски услови секогаш е далеку потешко особено ако условите се отежнати поради голема количина на снег или поради премногу ниски температури.

Редовно се случува да се прават некои пропусти, а овие грешки можат да бидат од голем проблем за исправноста на автомобилот.

Затоа треба да се знае каде се прават грешките со автомобилите во зима и истите да се отстранат.

Загревање на возилото во мирување

Често среќавана ситуација. Додека го стругате мразот од замрзнатите стакла, моторот работи и вие се надевате дека за неколку минути ќе влезете во топол автомобил. За жал тоа не е така. Моторот се загрева при среден број на вртежи.

Сте ја заборавиле течноста за одмрзнување на бравите во автомобилот

Класичен случај, а не глупост. Сте помислиле на сè, дури и за течноста за одмрзнување на бравите, а сте ја оставиле внатре во автомобилот. Се разбира во тој случај не помага ништо ако возилотот е замрзното наутро после снежните врнежи во текот на ноќта.

Не сте го провериле акумулаторот

Луѓето најчесто не го разбираат тоа, а вистината е дека зимата е убиец на акумулаторите. Оние акумулатори со кои возилото преку лето се стартува многу брзо, сега не сакаат да стартуваат. Тука нема ништо чудно бидејќи акумулаторот се троши многу побрзо на студ. Покрај тоа дополнителните потрошувачи како загревање на задната шофершајбна или седиштата, светлата или климата, исто така трошат доста. Ако, пак, акумулаторот е некој од поевтините тогаш многу побрзо завршува неговиот „живот“ и после три години да морате да купите нов. Затоа не штедете.

Немате зимски гуми

Сите знаеме добро за потребата од најмалку 1,6 милиметри профил на гумата, но подобро воопшто да не чекате да дојде до тоа ниво особено преку зима. Не е сеедно е дали ќе тргнете по снегот со патики бидејќи нема да стигнете многу далеку.

Заборавете на тоа „ќе истера уште една сезона“. Исто така не заборавајте да ги смените зимските гуми штом времето ќе се затопли бидејќи помеката смеса брзо се стврднува при повисоките температури во текот на летото.

Не седнувајте зад волан со дебела зимска јакна

При вакв ситуација ризикувате во случај на сообраќајна несреќа безбедносниот ремен да не биде во функција како што треба. Затоа најдобро е да ја оставите вашата зимска јакна на задното седиште доколку возите во текот на зимата. Уште повеќе, што парното загрее ќе ви стане топло.

Не сте ги тестирале ланците за снег

В град или на пониски места ланците не ви се неопходни, но затоа, пак, на планина нема да можете да се движите без нив. Ако патувате со семејство или пријатели на планина и одеднаш имате потреба да ги местите, ланците можат да ве изненадат непријатно. Не дека е некој кој знае каков проблем, но може да биде причина да минете доста време надвор на студот додека се обидувате да ги намонтирате.

Сте ја заборавиле стругалката за мраз

Во зима автомобилот ви е најчесто замрзнат доколку не е паркиран во гаража, а притоа може да дојдете до ситуација при која не можете да ја најдете стругалката за мраз. Дали е под седиштето, во багажникот или можеби некаде во подрум? Најдобро е што ќе застуди веднаш да и најдете место во вашето возило и тоа некаде каде ќе ви биде брзо на дофат на раката.

Не сте сипале зимска течност за бришачите

Уште една важна тема: „Зимска течност за бришачите“. Или таква воопшто недостига кога ќе падне снег или свршува за време на возењето. Затоа треба да се провери пред тргнување на пат.

Не ги повлекувајте бришачите сосила ако се замрзнати

Во ваква ситуција можете да го оштетите гумениот дел на бришачите, а во тој случај ќе има потреба да купите нови.

Не сте стaвиле термо покривка на предната шофершајбна

За да зачувате вашите дејства под точките 1, 7 и 9 можете да користите тормо покривка за предната шофершајбна. Можете да ја поставите под бришачите и да ја фиксирате за рамките на предните врати.

Не сте ги намачкале преградите на вратите и багажникот со глицерин

После ненадејниот студ, вратата од шоферска страна е замрзната и не можете да влезете во возилотот. Обидете се од друга врата или едностав поминете со прстите меѓу вратата и каросеријата. Потоа обидете се внимателно и со лесно притискање да ја отворите. Се разбира, нема да мора д го правите ова доколкувнимателно сте ги намачкале преградите со глиери, вазелин или со специјално средство против замрзнување.

Исчистете го целиот снег од автомобилот

Често после силен снег го гледаме следното: По патиштата се движат автомобили со исчистени стакла, но со многу снег на покривот, како и на предната и задната хауба. Подобро исчистете го целиот снег, инаку тој може да падне на предната шофершајбна или, пак, да ги загрози другите учесници во сообраќајот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK