Најавен новиот Maserati GranTurismo

ОБЈАВЕНО НА:

Maserati е единствениот бренд на FCA кој и по спојувањето со PSA Group продолжи по зацртаниот пат на развој кој произлегува од стратешкиот план усвоен непосредно по смртта на Серџо Маркијоне.

Така изминатата година до две беа претставени неколку новитети, а сега, се појавија и првите шпиунски фотографии од новата генерација на Maserati GranTurismo.

За новата генерација нема објавено многу податоци. Единствено се знае дека ќе дојде следната година, а ќе има и електричен погон. Во основната верзија се очекува да дојде со 3,0 литарски twin-turbo V6 мотор. Од шпиунските фотографии снимени во Италија може да се види дека дизајнот потсетува на претходно објавениот Maserati MC20.

Инаку овој модел за прв пат во понудата на италијанскиот производител е воведен во 2007 година. Оттогаш се претставени повеќе верзии и изведби, а последниот примерок во фабриката во Модена излезе во декември 2019 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK