Саемот на автомобили во Франкфурт покрај оној во Женева е еден од најголемите, најпосетените и најзначајните саеми за автомобилизам во светот.
Оваа година саемот вратите за пошироката јавност ќе ги отвори на 12 септември откако два дена претходно ќе биде отворен за медиумите.
Голем белег ќе остави неучеството на дури 23 големи производители и тоа Alpine, Aston Martin, Citroen, Dacia, DS, Ferrari, Abarth, Alfa Romeo, Fiat, Chrysler, Jeep, Chevrolet, Cadillac, Infiniti, Mazda, Mitsubishi, Nissan, Peugeot, Rolls Royce, Subaru, Suzuki, Toyota и Volvo.
Но и покрај ова на саемот не очекуваат бројни светски премиери на неколку модели на Audi, BMW, Mercedes, Volkswagen, Opel, Honda, Porsche, Lamborghini, Land Rover… Најавени се и бројни концепти како Hyundai 45, BMW Vision M Next, Mercedes и многу други.
Како и на сите досегашни изданија, така и на ова не очекуваат и бројни изненадувања кои со нетрпение сите ги очекуваме, a екипата на 24auto.mk како и сите претходни години, така и оваа ќе ги пренесе сите ексклузивитети од овој саем.