На принуден одмор 3.245 вработени

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat Chrysler Automobiles (FCA) во соопштение до јавноста објави дека од 1 јануари 2019 година на принуден одмор ќе испрати 3.245 вработени од фабриката Мирафиори во Торино.

Принудниот одмор, како што се наведува, ќе трае една година односно се до 31 декември 2019 година, а во целиот овој период сите 3.245 работници ќе ги добиваат своите месечни плати, но истите ќе бидат намалени согласно договорите за вработување.

Според планот веќе првиот ден во новата календарска година на принуден одмор ќе отидат 2.445 вработени, а преостанатите 800 ќе отидат на 4. март следната година. Причината за ваквата одлука лежи во падот на побарувачката на автомобили како во Европа, поради строгите еколошки норми, така и во САД каде Fiat и Maserati имаат остварено слаби продажни перформанси.

Ова не е прв пат FCA да прати на принуден одмор дел од своите вработени. Пред неколку месеци на принуден одмор беа и вработените на фабриката на FCA во српскиот град Крагујевац.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK