На пијаните не им доаѓа ум – МВР „фати“ возач со 4,26 промили алкохол во крвта

ОБЈАВЕНО НА:

Засилените полициски контроли постојано ги полнат билтените со казнети возачи и учесници цо сообраќајот. Но, и покрај тоа се уште има несериозни возачи кои не само што ја загрозуваат сопствената безбедност туку истовремено и безбедноста на другите учесници. Пијаните возачи се најлошите учесници заедно оние што возат брзо.

Ноќеска полицијата при контрола во сообраќајот фатила возач кој управувал возило и имал 4,26 промили алкохол во крвта. Тоа е рекорд, и сигурно се прашувате како со толку алкохол воопшто успевал да го држи воланот.

Тој е еден од 70-те возачи кои биле санкционирани за управување возило под дејство на алкохол.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 375 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возач кој постапува спротивно на одредбите од Законот и кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 2.01 g/kg и повеќе. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од 12 месеца, под услови и постапка утврдени со закон

На територијата на град Скопје вчера биле изречени вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53, потоа 29 санкции за возење без возачка дозвола, 14 за возење под дејство на алкохол, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, седум за возач почетник, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 32 мерки за непрописно паркирање.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK