На лето премиерно моделот Y на Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Долго најавуваниот модел Y на Tesla со кој американскиот производител ќе влезе во сегментот на пик ап возилата, премиерно ќе биде претставен ова лето.

Иако Илон Маск, првиот човек на Tesla, во мај минатата година објави дека новиот модел Y премиерно ќе биде претставен на 15 март годинава, сепак премиерата ќе биде одложена за некој месец подоцна.

Според пишувањата на американските медиуми кои се добро упатени кога е во прашање Tesla, моделот Y ќе располага со погон на сите четири тркала, а на секоја осовина ќе добие по еден електро-мотор. Овој камионет има за цел да прерасне во лидер кога е во прашање модерната технологија, па така покрај електро-моторите кој обезбедуваат автономија до 800 км, овој камионет ќе располага со најнапредна технологија.

Во сериско производство овој модел ќе влезе кон крајот на следната година, а главни конкуренти ќе бидат електричните камионети на Ford, Chevrolet и Rivian кои беа најавени изминатите месеци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK