На Европа и требаат најмалку три милиони станици за полнење до 2030 година

ОБЈАВЕНО НА:

Европската унија си постави амбициозни еколошки цели кои најавуваат масовно преминување кон електрични автомобили (барем 30 милиони) до 2030 година.

Здружението на произведувачи на автомобили во Европа, АСЕА објави дека се согласува со амбициозните еколошки цели на Европската унија зацртани до 2030 година, но само доколку државните вложувања во станици за полнење со електрична енергија и водород го следат развојот на индустријата.

Европската унија си постави амбициозни еколошки цели кои најавуваат масовно преминување кон електрични автомобили (барем 30 милиони) до 2030 година. При носење на овие планови претставниците на Европското здружение на произведувачи на автомобили (АСЕА) изјавија дека со оглед на актуелната ситуација, ваквата цел е многу далеку од реалноста.

Сепак, сега своите ставови ги корегираа и на претставниците на Европската унија им порачаа дека не се против еколошките цели, но дека за нивно исполнување е потребно да задоволат одредени предуслови. Првенствено тука се мисли на државните вложувања во инфраструктурата, првенствено станици за електрична енергија и водород, што би го олеснило преминувањето на алтернативни горива во патниот транспорт. Потребно е, делат, да се поврзат со намалување на СО2 со вложување во станици за полнење на ниво на секоја земја.

Се бара соработка од Европската унија

„Производителите на автомобили целосно се посветени на јаглеродната неутралост и со темпо со голема брзина донесуваат нова технологија на пазарот. Сепак, тоа не може да биде еднострана обврска. Успехот во постигнувањето на целите за намалување на СО2 во транспортниот сектор во основа зависи од инфраструктурата. Ние сметаме на Комисијата за да ја постигнуваме потребната врска меѓу целите за автомобилската индустрија и оние поставени од земјите членки во Европската унија“, порача Оливер Зипсе, Претседател на здружението АСЕА и извршен директор на BMW.

Со цел да се постигне намалување на емисијата од дури 37,5% во Европа, до 2030 година ќе биде потребно во телот на Унијата да бидат поставени три милиони јавни станици за полнење.

Во моментов ги има околу 225.000. Автомобилскиот сектор во моментов е најголемиот приватен вложувач во истражувањето и развојот во Европската унија со годишно вложување на ниво од 60,9 милијарди евра, па се надеваат дека тоа Европската унија ќе го препознае и ќе поќне посилно да вложува во инфраструктурата која им е потребна за натамошен развој.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK