Уште на почетокот на пролета раководните структури на Stellantis го потврдија враќањето на Lancia на европската сцена, бренд кој рамо до рамо со Alfa Romeo и DS ќе бидат новите двигатели на Stellantis во премиум сегментот.
Прв модел под брендот на Lancia беше најавен кркосовер од Б сегментот кој заедно со оној на Alfa Romeo и Fiat ќе започне да се произведува во фабриката во Тичи во Полска не подоцна од 2023 година.
Италијанските меидуми го открија и називот, а тоа е Musa кој е “позајмен” од малиот градски автомобил кој во понудата на производителот од Торино се наоѓаше во периодот од 2004 до 2012 година.
Овој кросовер покрај со стандардните бензински мотори развиени од PSA Group ќе биде достапен и во целосно електрична верзија.