Може ли да се вози кога свети „Check Engine“ индикатор?

ОБЈАВЕНО НА:

Едно од правилата, што секој возач на моторно превозно средство ги знае е дека кога на инструмент таблата ќе светне симбол во црвена боја, тоа значи дека проблемот не трпи одлагање и е добро автомобилот да не се оптоварува туку да се најде решение. Кога симболите се во жолто, проблемите исто така можат да бидат сериозни, но не мора да значи.

При секој случај ако сијаличката не се изгаси после рестартирање, тогаш треба да се посети сервис. Таков е и случајот со таканаречениот Check Engine симбол. Тој предупредува главно за проблемите со компјутерот кој го управува моторот.

Задолжителна е врската со кабел и софтвер за брендот/моделот на автомобил за дијагностицирање. Сепак, можете да возите и автомобил за кратко со светлечки Check Engine симбол.

Само толку за да стигнете до сервис. Инаку, причини за осветлувањето на овие индикации најчесто се поврзани со мерачот на проток. Кога индикаторот трепка тогаш проблемот може да се поврзан со неправилно палење на моторот и дефектите можат да бидат сериозни. Во таков случај советот е да запрете веднаш. Не го возете автомобилот со трепање на „Check Engine“ индикаторот!

Со други зборови: ако Check Engine индикаторот засвети, можете да продолжите да се движите, но само ако сијаличката свети непрекинато (не трепка). Воедно и ако однесувањето на возилото не се има променето, моќноста на моторот и реакцијата кон педалот за гас е истиот, а другите индикатори не покажуваат проблеми.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK