Morgan EV3 UK 1909 е електричен кабриолет на три тркала. Од овој поинаков електричен автомобил, производителот најави дека може да се нарачаат само 19 примероци, карактеризирајќи го како возило наменето за колекционери. Со возилото, купувачот може да нарача и уникатен сет за возачи, кој се состои од марама за возач дизајнирана од Alexander McQueen, очила за возење од Linda Farrow и ракавици за возење од Dents.
https://www.youtube.com/watch?v=TQHW7taF_r4
Возилото, кое по изглед се двои од сите електрични возила чија основна цел е практичност, потсетува на првиот модел на Morgan Motors од 1909 година. Фокусот е на забава и возбуда, и според новинарите кои имале можност да го возат, кабриолетот е бучен во споредба со останатите електрични возила.
UK 1909 има 70 коњски сили, и со едно полнење може да помине 240 километри. Возилото е лимитирано и со малиот капацитет на меморија.
Автомобилот е резултат на соработка меѓу две британски компании, производителот на автомобили Morgan Motors и трговскиот ланец Selfridges, кој со ова, за првпат лимитираното издание на возила сакаа да ја одбележат 107 годишнината од основањето. Односно, името на автомобилот 1909 симболично ја претставува и годината кога се основани двете компании – Morgan Motors и Selfridges. Автомобилот ќе се продава ексклузивно во Selfridges, по дена од околу 65,3 илјади американски долари.
Од Morgan Motors најавуваат дека идното производство ќе се фокусира на електрични возила, како и дека во развојот на оваа технологија годишно вложуваат околу 8 милиони долари. Производителот годишно продава околу 850 рачно изработени автомобили.