Младите се помалку ги интересира возењето автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Поседувањето на возачка дозвола и сопствен автомобил во денешно време многу ја олеснува мобилноста, но младите, особено онаму каде има добра јавен превоз мислат поинаку. Се помалку млади поседуваат возачка дозвола.

Студијата на весникот Вашингтон пост, покажува дека процентот на 16 и 17-годишници (во САД) кои поседуваат возачка дозвола рапидно опаѓа, а се предвидува овој тренд да се продлабочува.

Така, ако во 1997 година 43% од 16-годишниците веќе биле возачи и имале возачки дозволи, до 2020 година нивниот удел е намален за 18%. Слично за 17-годишниците: уделот на возачи меѓу нив во САД се намали за 17% за 23 години: од 62% на 45%.

Дополнително, во 1997 година речиси 90% од 20-25 годишниците имале возачка дозвола, а во 2020 година овој процент е 80. Причините за овој пад на интересот се многу, но има неколку главни.

Загриженоста за климатските промени, високите трошоци за поседување автомобил и стравот од удирање на патот поради ризик од сообраќајна несреќа се наведуваат како главни причини за неподготвеноста на младите Американци да возат.

И ако електричните автомобили, чија популарност сè уште расте, би можеле да го решат климатскиот проблем, нивните цени и понатаму остануваат недостапни за младите, велат експертите, а со тоа и овој тренд ќе напредува.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK