Mitsubishi го оживува Rаlliаrt и се враќа во мотоспортот

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Mitsubishi стави крај на животот на Rаlliаrt пред нешто повеќе од десет години, но изгледа дека од компаниајта имаат план за обновување и тоа е она што ќе се случи во најскоро време. Без многу врева, Јапонците покажаа фотографија на која може да се види пикапот L200 со интересни бои и елементи, од кои станува јасно дека се дел од опремата Rаlliаrt.

Од Mitsubishi објавија дека го возобновуваат брендот, додека клиентите ќе имаат можност да иберат меѓу ред различни додатоци, за да ги надополнат своите автомобили. Од јапонскиот бренд сè уште не откриваат, кои модели освен L200 ќе добија Rаlliаrt, но се очекува поголем дел од понудата да биде опфатена.

При конкретниот примерок може да се откријат новости во долниот дел на предницата каде што се гледа додаток од црвени акценти, кои продолжуваат и во страничниот дел, по вратите и праговите. Црвените браници исто така се вклучени во пакетот за пикапот.

Заедно со објавата на брендот, од брендот соопштија уште една добра новост за фановите на моторните спортови, а Rаlliаrt ќе се врати меѓу тркачките автомобили. Сè уште не е јасно во каква дисциплина и со каков точно автомобил Јапонците ќе се вклупат во натпреварите, но постојат надежи дека тоа ќе се разбере во сосема скоро време.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK