Неодреден број на возила Mitsubishi ASX и на Outlander ќе треба да одат на сервис за превентивно да се провери дали кај нив можеби има проблем со задната сопирачка. Повикот се однесува на модели произведени во 2014 и 2015 година.
Во објаснувањето за повикувањето на сервис се вели дека „ флуоринскиот слој против рѓа на осовината на рампата за задната сопирачка за паркирање може да се излупи, дозволувајќи навлегување на вода и рѓа во внатрешноста на осовината“
Како резултат на тоа, осовината може да заглави, предизвикувајќи да има намалена сила на сопирачката за паркирање, што доведува до зголемен ризик од несреќа.
Моделите ASX од моделската 2015 се опфатени со повикот, а кај моделот Outlander се работи за возила од моделската 2016. Тука се опфатени и Outlander PHEV.
Mitsubishi recall code: ENL-21-008-SR
Affected models: ASX (GA0W), Outlander (GF0W), Outlander PHEV (GG0W)
Vehicle numbers (worldwide): n/a
Source: Rapex Alert 15/2021 A12/00510/21