Ако мислите дека само тука, на Балканскиот Полуостров сообраќајната култура е на дното, тогаш се лажете.
Еден корисник на Reddit објави видео снимено некаде во САД на кое може да се примети една балканска итроштина.
Додека прави маневар за паркирање, еден неименуван возач со Jeep Wrangler сакајќи да му го зафати местото, преку зеленило влета на паркинг местото, при тоа зафатувајќи две места.
Сепак по реакцијата на другиот возач тој се врати и го препаркира своето возило.
Разликата со Балканот е што тука се заврши на муабет и малку повисок тон. Кај нас ќе имаше и повеќе од тоа.