Милионски тиражи: Најпродавани возила на сите времиња

ОБЈАВЕНО НА:

Кога станува збор за најпродаваните возила во историјата сигурно е дека можете да погодите кои се наоѓаат меѓу најпродаваните, но прашање е дали знаете во колкави милионски тиражи се испорачани кај купувачите. И сигурно не сте знаеле дека меѓу Топ-5 се наоѓа и едно руско возила – Lada Riva односно ВАЗ 2101 кој беше продаден во над 19 милиони примероци.

Историски гледано, четири модели се издигнуваат над сите други кога станува збор за огромниот број на продадени возила. На самиот почеток на автомобилската индустрија, Ford успеа да ги освои срцата на потрошувачите ширум земјата со својот модел Т. Автомобилот продолжи да ја редефинира индустријата и да постави рекорд во продажбата што би го срушиле само неколку автомобили дури и еден век подоцна.

Меѓутоа, во Европа тоа беше VW Буба, чија продажба се зголеми на 21 милион само неколку децении по неговото деби. Бубата ја задржа најпродаваната позиција сè до раните 90-ти, кога беше надмината од страна на Toyota Corolla.

Денес, ситуацијата е многу поинаква. На оваа листа ги има 15-те автомобили што успеаја постојано да привлекуваат потрошувачи со децении, станувајќи најпопуларните модели досега продадени.

Toyota Corolla – над 44 милиони возила
Ford F-Series – над 40 милиони
Volkswagen Golf – над 30 милиони
Volkswagen Beetle – над 23 милиони
Lada Riva – над 19 милиони
Honda Civic – над 18 милиони
Ford Escort – над 18 милиони
Opel/Vauxall Corsa – над 18 милиони
Honda Accord – над 17 милиони
Ford Model T – над 16,5 милиони
Ford Fiesta – над 15 милиони
Volkswagen Passat – над 15 милиони
Chevrolet Impala – над 14 милиони
BMW 3 Series – над 14 милиони
Ford Focus – над 13 милиони

Следете не и на:

24AUTO NETWORK