MG Motor има амбициозни планови, за 18 месеци – 40 продажно сервисни центри во Адриатик регионот

ОБЈАВЕНО НА:

Гаранцијата на сите модели ќе биде седум години, или 150.000 км. што го прави брендот прифатлив за приватните купувачи, но и за компаниите. Во Македонија се планирани два центри.

Враќањето на MG во Европа во последните две години е проследено со отворање на повеќе од 400 сервисни и продажни салони, додека зголемувањето на продажбата е резултат на воведувањето модели кои нудат задоволство од квалитетот и понудената опрема. На регионалната промоција на новата компанија MG Motor Adriatic што се одржа во Ровињ, Хрватска одговорните на MG Motor во Адриатик регионот објаснија дека овој регион опфаќа седум земји, меѓу кои и Македонија.
Се планира да се отворат 20 продажно сервисни центри до крајот на 2022 година, а до крајот на 2023 таа бројка ќе се зголеми на 40 центри.

Адриатик регионот ги опфаќа Словенија, БиХ, Хрватска, Србија, Црна Гора, Македонија и Албанија. Првиот продажно сервисен салон во Македонија ќе биде во Скопје, во склоп на продажно-сервисниот центар на Ми-Да Гранд Моторс, а следната година ќе се отвори и во Битола. Официјалната продажба на возилата во Македонија треба да почне во септември.

Во понудата за Адриатик регионот каде припаѓа и Македонија ќе бидат пер различни модели, вклучувајќи го има првиот електричен караван – MG 5, потоа СУВ моделот од B сегментот – MG ZS (во електрична и бензинска варијанта), СУВ моделот од C сегменто – MG EHS (во плагин хибридна верзија) и електричниот СУВ – MG Marvel R.

Меѓу моделите што беа промовирани во Ровињ, беше е електричниот СУВ MG Marvel R кој беше ѕвезда на вечерта

 

Од самиот почеток ќе бидат достапни два модели, двата СУВ од Б и Ц сегментот. Се најавуваат конкурентни цени и високо ниво на опрема. Гаранцијата од седум години или 150.000 км. само потврдува дека производителот е сигурен во квалитетот на возилата што ќе ги нуди.

MG ZS EV
MG ZS
MG EHS
електричен караван
MG 5

Слоганот на MG Motor Adriatic е „ Get More!“ што ја нагласува концептуалната перспектива на самиот бренд, додека во фазата на презентација на регионалниот пазар ќе се користи слоганот „Резервирано за иднината!“.

Компанијата MG Motor последниве пет години е меѓу најбрзорастечките брендови. Во 2020. година компанијата MG Motor продаде 7.200 возила во Европа, додека во 2021. година оваа бројка се зголеми за трипати, а продажбата достигна 22.000 возила. Растот на продажбата продолжи и во 2022. година. со 22.135 продадени возила во првиот квартал. Заклучокот е дека моделите на MG се вистинскиот одговор на потребите на европските клиенти.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK