Mercedes останува да го следи трендот на популаризација на SUV возилата, а со самото тоа и да ја збогати SUV понудата. Како што открива популарниот германски магазин за автомобили, AutoBild, германскиот производител работи на нова т.н. GLG класа.
AutoBild наведува дека главната причина поради која Mercedes планира да го лансира овој SUV е популарнота и добрата заработка што овие автомобили ја гарантираат. GLG е планиран да биде најголемиот SUV во понудата на овој производител, а како директен конкурент за сега ќе биде Range Rover Sport.
Овој модел ќе биде првенствено лансиран за кинескиот пазар каде големите SUV автомобили бележат најголем пораст кога е во прашање продажбата. За сега нема многу информации околу техничките карактеристики и точниот датум на појавување, но судејќи според пишувањата на германските медиуми кои секогаш ги имаат информациите од прва рака, барем кога се во прашање германските производители, овој модел во концепт изведба ќе се појави следната година, додека во продажба би требало да се појави во втората половина на 2020 година.
Инаку претходно Mercedes го потврди доаѓањето на GLB класата која ќе се позиционира помеѓу GLA и GLC, а целен пазар и на овој SUV ќе биде кинескиот.