Mercedes повлекува над 300.000 автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes-Benz на барање на регулаторната комисија, во САД ќе започне со повлекување на 342.366 нови автомобили. Причината за оваа одлука е проблем со софтверот инсталиран во MBUX мултимедијалниот систем кој може да се изгасне или рестартира по вклучување на моторот на автомобилите.

Дополнитело, германскиот производител наведе дека постои можност да не се прикажува сликата од задната камера соодветно.

Во повлекувањето се опфатени бројни различни модели како: CLA, GLE, GLS, A, E и E класата како и: GLA, GLB, GLC, CLS и AMG GT моделот.

Целата промена на софтверот ќе падне на товар на германскиот производител. Портпаролот на оваа компанија при тоа изјави дека не е познато дали поради лошото функционирање на софтверот се случила сообраќајна незгода или се предизвикала друга материјална штета.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK