Mercedes плаќа отштета поради вештачка кожа!

ОБЈАВЕНО НА:

Производителите често се обидуваат да им дадат на купувачите луксуз од највисоко ниво, и за тоа да наплатат многу пари и да тврдат дека е тоа „дополнителна опрема“. Но, секогаш не значи дека она што ви го продаваат е целосно од материјалот за кој плаќате. Ако тоа го утврдите имате можност да барате отштета или едноставно да уживате во производот што сте го купиле.

Незадоволен сопственик се избори за отштета од Mercedes откако успеал да докаже дека кожнiot тапацир на неговиот автомобил е делумно направен од вештачка замена, пишува Daily Mail.
Кери Расел го купи Е300 Cabriolet за речиси 35.000 фунти (околу 40.000 евра) како половно возило и, иако не бил директно оштетен од цената што ја платил одлучи да ги бара своите права.

Во каталогот на Mercedes се нудат црни кожени седишта за E-Klasse Cabriolet наместо синтички материјали Аrtico сличен на винил, и тоа за цена од 912 фунти (околу 1.050 евра). Сепак, 72-годишниот пензиониран бизнисмен се посомневал во тоа дали материјалот е природен, откако дознал дека друг сопственик на Mercedes испратил примероци на кожата од автомобилот за лабораториска анализа. Резултатите покажаа дека делови од тапацирот се направени од полиуретан.

Сопственикот се обратил на застапникот на германската марка, но оттаму не можеле да му дадат задоволителен одговор дали неговото тапацирање е направено целосно или само делумно од вистинска кожа. Упорниот сопственик, сепак не се откажал и го упатил предметот до Омбудсманот за автомобили во Обединетото Кралство, што е независна институција која решава спорови во автомобилската индустрија.

Запрашани за одговор, од Mercedes објасниле дека седиштата се направени од природна кожа, но поради структурната вкочанетост и сила, додадени се и други материјали. Сепак, автомобилски омбудсман сметал дека описот на седиштата како “кожа” бил погрешен и му доделил на Расел компензација од 850 фунти (979 евра).

Портпаролот на Mercedes ja коментира отштетата и тврди дека компанијата строго се придржува кон правилата кои го дефинираат она што може да се опише како “кожен тапацир” во автомобилот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK