Mercedes од 1991 година со поминати 378 км на продажба (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Како би реагирале кога некој би ви понудил да купите автомобил од 1991 година? Каква би била вашата реакција кога би дознале дека тоа е автомобил кој во свое време го претставувал врвот на својата класа. Кога би дознале дека е полн со дополнителна опрема, но и дека сето време бил во гаража и е совршено зачуван.

Прво што би помислиле веројатно би било дека без оглед на сè е многу „стар“ и „дека мора да има поминато“. И тука овој Mercedes-Benz 300D Turbo потполно би ве изненадил со оглед на тоа што последните 29 години ги минал во гаража и дека на неговата километража стои бројот 378.

Звучи речиси потполно неверојатно дека еден така квалитетен автомобил стар речиси три децении досега го нема „свртено бројчаникот“ неколкупати.

Автомобилот припаѓа на серијата W124, произведувана меѓу 1984 и 1995 година. W124 беше првиот модел за кој се зборуваше како за E-класа, за неговиот наследник W210 и официјално да го понесе тоа име.

Моделите на оваа серија на Mercedes се прочуја по својот исклучителен квалитет на изработка, издржливост и доверливост при возењето, како и многу удобната и пространа внатрешност.

Овој 300D Turbo го придвижува најсилниот дизел на Mercedes во тогашната понуда, трилитарскиот шестцилиндричен автомобил со 143 коњски сили и максимален вртежен момент до 270Nm. Неговата сила на задните тркала се пренесува преку автоматскиот 4G-Tronic менувач.

Автомобилот пред речиси три децении бил нарачан во Шпанија, каде што прв и единствен пат бил регистриран на 4 декември во 1991 година во Хуелва, недалеку од Севиља. Со оглед на тоа што на сопственикот тоа бил само еден од автомобилите од неговата флота, овој Mercedes останал заборавен во гаражата до скоро.

Според оригиналниот ценовник од 1991 година почетната цена на Mercedesa 300D Turbo во Германија изнесувала 64.000 тогашни германски марки, додека цената на овој примерок била 85.000 марки. Кога на таа цена ќе се пресмета изминатото време и ефектите на инфлацијата, таа сума денес би била еднаква на износ од околу 98.000 евра.

Овој „шпански“ Mercedes 300D Turbo, 29 години подоцна се најде во рацете на луѓето од компанијата Mechatronik, познат специјализиран реставратор и дилер на класични автомобили на Mercedes (на чиј сајт можат да се најдат некои искчлучителни и единствени модело на славниот производител од Баварија).

Автомобилот Mechatronik се продава по цена од 59.900 евра (со платени даноци), а идниот купувач на овој Mercedes покрај автомобилот добива комплет алат и оригиналните шпански регистарски таблички од 1991 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK