Mercedes може да се откажат од некои „почетни“ модели во понудата

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes е во процес на рационализирање на нивната понуда и се чини дека почетните модели како А-класата би можеле да бидат на врвот од оние од кои компанијата би се откажал.
Ништо не е официјално објавено, но Autocar известува дека извршниот директор на Mercedes, Ола Калениус го искористи самитот на Financial Times Future of the Car за да каже „Ќе разговараме повеќе следната недела, но не ни е цел да бидеме конкурент на производителите на волумен. Тоа не е она за што се залага марката Mercedes-Benz“.

Калениус додал дека компанијата повеќе би сакала „да гледа нагоре отколку надолу“, што сугерира дека производителот на автомобили сака да се фокусира на модели од повисока класа. Тој продолжил и кажал рече „останете во тек што се однесува до нашето портфолио на производи“.

Иако Калениус не кажа кои модели од почетните нивоа би можеле да бидат отфрлени, А-класата се наоѓа на дното во нивната понуда и ја нема во САД и Канада. Како што објави компанијата претходно годинава:
„По внимателно разгледување, MBUSA повеќе нема да го нуди седанот V177 A-Class (A220W / A220W4) во САД по тековната година на моделот (MY22). Иако А-класата беше исклучително добро прифатена од нашите клиенти од нејзиното претставување во 2019 година, оваа одлука е во согласност со нашите тековни напори да ја насочиме нашата стратегија за понуда на производи. Теренецот GLA ќе ја преземе позицијата на А-класата како влезeн модел во палетата на производи на MBUSA“.

Ако таа изјава се земе во предвид глобално, можно е Mercedes да сака нивната почетна линија во понудата да се фокусира на кросовери наместо на седани и хечбекови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK