Mercedes ќе пензионира еден од своите модели до 2025

ОБЈАВЕНО НА:

Поради поголемата побарувачка на СУВ модели, се повеќе производители размислуваат или работат на укинување и пензионирање на некои модели. Профитабилноста и побарувачката го диктираат производниот план и она што ќе излегува од лентите. Така и Mercedes ќе укине еден свој модел кој порано правеше проидажни бројки.

Моделто B-Class ќе исчезне од моделската палета на германската компанија во 2025 година, пренесува шпанското издание на Motor. Причината за пензионирањето на моделот е очигледна – во иднина побарувачката за вакви автомобили ќе падне уште повеќе, а потенцијалните купувачи се повеќе ќе почнат да се движат кон компактни кросовери.

Првата генерација на B-Class со индекс W245 излезе во продажба во 2005 година. Овој модел е изграден на истата платформа како и A-Class, но е позициониран еден чекор погоре.
Првата генерација на автомобилот имаше погон на предните тркала, но моделот од втората генерација имаше менувач со погон на сите тркала како опција.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK