Mercedes го претстави караванот E-Klasse (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Нешто повеќе од два месеци по дебито на новиот седан E-Klasse, Германците одлучија дека е време да ја покажат попрактичната верзија на моделот, која дебитираше утрово. Најголемиот караван на Mercedes го добива кодното име S214 и ги зголемува димензиите во споредба со претходната генерација. Продажбата на моделот во Европа ќе почне зимава.

Меѓуоскиното растојание е зголемено за 22 мм. на 2961 мм., додека ширината порасна за 28 мм. на 1880 мм. Надворешните димензии не се толку многу променети и должината е само 4 мм. повеќе, достигнувајќи 4949 мм., а висината е променета за 1 мм.на 1469 мм..

Сепак, новиот E-Klasse Estate може да се препознае исклучително лесно по изглед, едноставно затоа што нема ништо заедничко со неговиот претходник. Како и седанот, Германците ни претставуваат сосема нов преден дел со нови светла и нова решетка, која веќе ја знаеме од стандарднaта E-Klasse.

Разликата е во задниот дел, каде што ги наоѓаме новите светла на Mercedes со графика што го имитираат амблемот на марката. Тука повторно се поврзани, а под нив е бројот. Багажникот има волумен од 615 литри, но кога ќе се отстранат седиштата, овие бројки се зголемуваат на 1830 литри.

Плаг-ин хибридната верзија ја намалува зафатнината на 460 литри, а опцијата за трет ред седишта свртени кон патот веќе не е достапна.

Mercedes E-Class Estate 2023

Стандардно, автомобилот пристигнува со задна воздушна суспензија, електричен багажник и коефициент на отпор од намален на 0,26. Достапни се повеќе опции како селфи камера, троен екран и друго. Тркалата можат да одат до 21 инчи, но основниот модел се вози на комплет тркала од 17 инчи.

Во однос на погонската група, исто така, не наоѓаме ништо ново, што значи дека E-Klasse е достапен со бензински и дизел мотори во верзиите E200 и E200d, соодветно, со моќност од 204 коњски сили и 197 коњски сили. Достапни се и со погон на задните тркала и со 4MATIC. Во двете варијанти е достапен стартер генератор со моќност до 23 коњски сили.

Има и plug-in хибридни верзии со 2.0-литарски бензински мотор и електромотор, кој во верзијата E300e има 313 коњски сили и E400e која има соодветно 381 коњски сили. Во подоцнежна фаза ќе видиме повеќе дизел plug-in хибридни, како и верзии AMG.

И да, доаѓа со три екрани во линија, селфи камера и интеграција на TikTok. Angry Birds е исто така вклучен. Како и Зум за конференции со користење на истата внатрешна видео камера.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK