Mercedes CLA во Shooting Brake изведба (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Неколку денови по премиерата на новата генерација на CLA на CES саемот во Лас Вегас, X-Tomi Design објави фотографија од можниот иззглед на Shooting Brake изведбата.

Овој реднер доаѓа откако германскиот производител објави дека во моментов работи на тестирање и на Shooting Brake изведбата на CLA. Истиот овој модел се базира на MFA (Modular Front-drive Architecture) платформата која во моментов ја користат компактните модели, а во продажба се очекува да се појави кон крајот на оваа година.

Она што неофицијално се дознава е дека оваа изведба ќе има поголемо меѓуоскино растојание за 30 мм и ќе изнесува 2,729 мм. Оттука и поголемата должина на овој автомобил, а тука се и поголемите тркала (19 инчни).

Изгледот е за очекување да биде идентичен како и рендерот, без многу измени, а нема да има измени и во понудата на моторите каде меѓудругото ќе бидат понудени и бензински и дизелски мотори и тоа 1.5, 2.0 и 2.2 литарски мотори достапни со шест степен и седум степен мануелен и автоматски менувач.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK