Mercedes-Benz X-Class од пикап стана камп-возило

ОБЈАВЕНО НА:

Меѓународниот саем за каравани CMT, ќе донесе интересна промоција на Mercedes-Benz X-Class, кој од пикап ќе дебитира како камперско возило. Саемот под називот Caravan, Motor und Touristik – CMT 2017 ќе се одржи од 13 до 21 јануари во Штутгарт, а тоа ќе биде јубилејното 50. Издание. Купувањето на камп-возила во Германија постојано расте, а минатата година биле регистрирани дури 38.000 нови кампери што е за 5000 повеќе од 2016 година.

При претворањето на Mercedes-Benz X-Class  од пикап во камп возило работеле две различни компании во исто време. Првата која се нарекува Tischer Tak го креирала моделот кој е со внатрешна височина од два метри кој се додава на основата, а е висок 2 метри. Ширината е 150 сантимети, а во него има шпорет со три плочи, туш и тоалет. Трите столици лесно се трансформираат во кревет.

Втората компанија која е специјализирана за изработка на компактни кампери е VanEssa. Таа предлага подвижен модел за пикапот Mercedes-Benz X-Class  кој тежи едвај 250 килограми.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK