Mercedes-Benz останува најскапиот автомобилски бренд

ОБЈАВЕНО НА:

Експертите од Brand Finance го објавија рангирањето Global 500 со најскапите брендови во светот. Во неа одново влегуваат автомобилските брендови, а впечатокот е дека за една година поскапеле значително.

Како и минатата година, на врвот меѓу автомобилските брендови е Mercedes-Benz, кој е оценет на 60,35 милијарди американски долари. Германскиот производител има поскапено со 12,5 милијарди само за една година, а се наоѓа на 13. место во генералното рангирање.

Второто место е за Toyota, која е оценета на 52,3 милијарди долари. Јапонскиот бренд ја зголеми својата вредност за девет милијарди долари за една година, но во генералното рангирање падна за две позиции на 17. место.

Volkswagen влегува во Топ 3 на автомобилски брендови, а оттаму го турка BMW. Германскиот бренд е оценет на 41,7 милијарди долари додека „Бацарците“ се на 40,5 милијарди. Во првата петка се наоѓа уште и Porsche (29,34 милијарди долари), а пред една година производителот на спортски автомобили беше на 8. позиција.

Другите автомобилски брендови во Топ 10 се Mitsubishi (26,563 милијарди долари), Honda (25,744), Hyundai (20,721), Audi (19,638) и Nissan (18,753). Притоа Audi влезе во првата десетка откако пред една година беше на 11. позиција.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK