Mercedes A класата со награда “Car of the Year” на Company Car Today

ОБЈАВЕНО НА:

Специјализираниот британски магазин Company Car Today традиционално и оваа година ја додели наградата “Car of the Year”. Оваа година наградата припадна на новата А класа на Mercedes, а покрај оваа награда, автомобилот се здоби и со “Premium Lower Medium Car of the Year”.

На манифестацијата беа доделени и бројни останати награди. Така за најдобар мал градски автомобил е одбран Volkswagen Up кој ја одбрани титулата од минатата година. Во категоријата на супермини автомобил наградата отиде кај Volkswagen Polo, а во премиум сегментот во истата категорија наградата отиде кај Mini Hatch.

Во категоријата на најдобар луксузен автомобил наградата отиде кај Audi A8, а за најдобар компактен кросовер избран е Citroen C3 Aircross. Очекувано, за најдобар електричен автомобил беше избран Nissan Leaf, a наградата спортски автомобил на годината припадна на Mazda MX-5.

Во останатите категории, со награди се закитија и Hyundai Ioniq PHEV, BMW X5, Audi Q5, Peugeot 5008, FORD S-MAX, Peugeot Rifter, Volvo XC40, Skoda Karoq, BMW 5, Audi A4, Vauxhall Insignia и Honda Civic.

За потсетување, главната награда минатата година припадна на BMW Серија 5.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK