МcLaren произведе 15.000 возила

ОБЈАВЕНО НА:

Од McLaren Automotive објавија дека седум години од почетокот на производството, компанијата веќе има произведено 15.000 суперспортски автомобили.
Јубилејното возило на McLaren Automotive е претставник на 570S Spider, а направен е во Curacao Blue сина боја и доаѓа само 18 месеци после достигнувањето на границата од 10.000 возила од брендот. Бројките велат дека во текот на минатата година компанијата има продадено 3340 возила.

McLaren 570S Spider беше претставен во јуни минатата година, а основната цеа беше 164.750 фунти, а е 46 килограми потежок од 570S Coupé и е со кров, кој може да биде собран или пуштен за само 15 секунди дури и при движење од 40 км/ч.

570S Spider е опремен со 3.8 литарски twin-turbo, V образен, осумцилиндричен мотор, кој генерира максимална моќност од 562 коњски сили и максимален вртежен момент од 600 Нм. Има и седумстепен роботизиран менувач.

Автомобилот е во состојба да забеза од 0 до 100 км/ч за 3,2 секунди. Од 0 до 200 км/ч забрзува за 9,6 секунди, а способен е да развие брзина до 328 км/ч. За запирање на возилото при брзина од 200 км/ч до 0 се неопходни 5,3 секунди и 130 метри, додека од 100 км/ч до 0 се потребни 32 метри и 3,2 секунди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK